Само една недела по премиерата на најновиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ на социјалната мрежа Х се појави пиратска верзија на филмот.

Првиот пиратски аплоудна филмот со слаб квалитет се појави во неделата, но беше симнат бргу откако изгенерира околу 50.000 прегледи. Но, набргу потоа, исто така на Х се појави нова пиратска верзија со подобар квалитет која ја изгледија милиони корисници.

По илјадници извештаи и репостирања, филмот конечно беше симнат од Х. Студиото Универзал реагираше и најави тужби за пиратирање и повреда на авторски права.

Студиото се соочува со огромен број на обиди за пиратирање на „одисеја“, а посебно тешко се соработува околу авторските права со сопственикот на Х Илон Маск.

Слични новости

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“