кон Грција

Денеска камионџиите ги блокираат граничните премини во Македонија и во регионот. Тие протестираат против правилата за ограничен престој во Шенген-зоната.

Превозниците предупредуваат дека, ако не се реши проблемот, транспортната индустрија и целата економија се соочуваат со колапс. Бараат изземање од правилото за престој во ЕУ или да се издаваат петгодишни визи.

Блокади на камионџиите има и за излез од државата на граничниот премини „Богородица“ кон Грција. Министерот за транспорт Александар Николовски ги поддржа протестите.

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.