Студенти на три новосадски факултети во блокада, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица.
Програмата за учениците во блокадата продолжува денеска од 9 часот и ќе трае до 14 часот кога ќе започне групното чистење на мостот. Студентите најавија дека протестот во Нови Сад ќе трае до 15 часот.
Студентскиот пленум на Филозофскиот факултет во Белград синоќа соопшти дека поради страв од наплив на опозициски актери, активистички организации и слични интересни групи и нивна инструментализација на автохтоната студентска борба, решиле да се оградат од 24-часовната блокада на „Мостот Слобода“ во Нови Сад, притоа поддржувајќи ја тричасовната блокада на трите моста во тој град што се случи вчера.
Во соопштението на мрежата Х во врска со денешната блокада на мостовите во Нови Сад, пленумот наведе дека се оградува од секој обид за злоупотреба на студентските блокади од кој било политички актери и дека најостро ја осудува секоја форма на злоупотреба на „студентскиот ентузијазам во корист на пред -изборна кампања на која било политичка опција“.
Слични новости
Во БиХ по хрватгскиот пример се повикува на бојкот на маркетите и услужните дејности
По успешната граѓанска акција во Хрватска, на социјалните мрежи во Босна и Херцеговина се шират повици за бојкот на продавници, бензински пумпи, кафулиња и ресторани во петок 31-ви јануари 2025 година, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард
Италија продолжува да префрла мигранти во прифатните центри во Албанија
Италијанската морнарица во неделата одведе 49 мигранти што ги собра во меѓународните води во прифатните центри во Албанија, соопшти Министерството за внатрешни работи
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
Се очекува нов претседател на Грција да биде Константинос Тасулас донеодамна претседател на грчкиот парламент од редовите на владејачката Нова Демокартија.