Руските сили извеле напад во окупираниот руски градот Суџа во неделата, откако специјалните сили искористиле гасовод за да ги изненадат украинските единици како дел од големата офанзива за протерување на украинските војници од западниот руски регион Курск, пренесува Reuters повикувајќи се на објави на проруските воени блогери.

Украинските воени власти подоцна објавија дека руската војска се обидела да го заземе градот Суџа, со население околу пет илјади, контролиран од силите на Киев, во западниот руски регион Курск со испраќање војници преку гасовод, но тврдеа дека руските сили биле „навреме откриени“ од тим за воздушно извидување и биле одбиени со помош на проектили, артилерија и беспилотни летала.

Илјадници украински војници зазедоа околу 1.300 квадратни километри од руската област Курск во август минатата година во, како што рече Киев, обид да се добие моќна позиција во евентуалните идни разговори и да се принуди Русија да ги премести своите воени сили од источна Украина кои од ланската пролет бавно но континуирано напредуваа на фронтот во југоисточна Украина, потсетува dpa.

Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина кој западните медиуми го сметаат за доста релевантен и објективен, наведува дека руските специјални сили пешачеле околу 15 километри по главниот гасовод и дека некои поминале неколку дена во цевководот пред да ги изненадат украинските сили одзади во близина на Суџа.

Главните мерни објекти на гасоводот што го транспортираше рускиот природен гас до украинскиот систем за транспорт на гас за натамошен транспорт во Европа беа изградени во во Суџа.

Прорускиот воен блогер Two Majors наведува дека во тек е голема битка за Суџа и дека руските сили ги изненадиле украинските војници со тоа што влегле во градот преку магистралниот гасовод.

Руските канали на Telegram покажаа снимки од специјални сили со гас-маски и со светла, покрај она што изгледа како голема цевка.

„Борбите продолжија во текот на ноќта во Суџа. Борбите не престануваат“, пишува Подољака.

Друг воен блогер, Јуриј Котенок, пишува дека украинските сили ја преместуваат опремата од Судџа кон границата.

„Во моментов нашите единици го напаѓаат североисточниот дел на Суџа и се борат во реонот на улицата Ломоносов и индустриската зона Суџа“, рече Котенок.

Украинскиот упад во Курск минатиот август беше најсериозниот напад на руска територија од нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз во 1941 година. Последните седмици и месеци, руските сили ги потиснаа украинските сили во Курск, ставајќи десетици илјади украински војници во ризик од опкружување.

Притоа, руското Министерство за одбрана тврди дека украинските сили, кои беа едни од најобучените и најдобро вооружеи, во Курск од ланскиот септември загубиле најмалку 70.000 војници и повеќе стотици тешки оклопни борбени возила, вклучително и тенкови од западно производство.

globe

Слични новости

Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност

Фон дер Лајен: Урнати се илузиите за европската безбедност

Илузиите за безбедноста на Европа се урнати и Европската унија мора веднаш да почне да инвестира значително повеќе во својата одбрана, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европскиот парламент

Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк

Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк

Новинарите во Грција, организирани од Грчката федерација на новинарски асоцијации во која учествуваат сите новинарски здруженија, од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии

Гренланд излегува на гласање покрај желбите на Трамп за преземање на островот

Гренланд излегува на гласање покрај желбите на Трамп за преземање на островот

Жителите на Гренланд денеска ќе газат преку снег и мраз за да гласаат на избори кои би можеле да се покажат како едни од најзначајните во историјата на арктичкиот остров, најголемиот во светот, пишува Politico