Ситуацијата на Блискиот Исток е на работ на целосна војна по потврдата дека иранскиот врховен водач, Ајатолахот Али Хамнеи, кој бил убиен во заеднички воени напади на САД и Израел.
Израелските одбранбени сили утрово извршија нов бран воздушни напади врз главниот град Техеран. Сведоци известуваат за силни експлозии и чад над градот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека нападите ќе се интензивираат во наредните денови.
Иранските сили одговорија со лансирање стотици ракети и беспилотни летала кон Израел и американските бази во регионот. Пријавени се жртви меѓу американските војници (најмалку тројца загинати) и цивилни жртви во израелскиот град Беит Шемеш.
По смртта на Хамнеи, формиран е привремен лидерски совет кој ќе управува со земјата до изборот на нов врховен водач.
Висок ирански функционер изјави дека Техеран во моментов одбива какви било преговори со Вашингтон. Аналитичарите сметаат дека убиството на врховниот лидер на Иран го блокира патот за преговори САД-Иран.
Сирени се слушнаа во Тел Авив и Ерусалим откако Иран возврати со ракети и напади со беспилотни летала врз Израел и други земји од Персискиот Залив по нападите на САД и Израел.
Додека Иран ги нападна американските бази во Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, нападите погодија и надвор од воените инсталации, вклучувајќи хотел во емиратскиот град Дубаи и меѓународниот аеродром во Кувајт. Најмалку четири луѓе се убиени во нападите врз земјите од Персискиот Залив.. Смртоносен ирански ракетен напад уништи неколку блока во централниот израелски град Беит Шемеш.
Ракетата удри во синагога каде што жителите се засолнуваа во неделата, при што загинаа најмалку девет лица.
Слични новости
Нови напади на Израел и Америка во Иран
Aмериканско-израелските напади ги ослабнале иранските капацитети, Техеран и натаму располага со ракети скриени под земја и во тајни локации.
Моџтаба Хамнеи, син на убиениот Али Хамнеи е избран за нов ајатолах на Иран
Иранскиот лидерски совет го избра Моџтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов ајатолах и врховен лидер на Иран, на инсистирање на Иранската револуционерна гарда
Мицкоски -Руте: Потврдена македонската определба за јакнење на соработката со НАТО
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека НАТО ќе ја брани секоја педа од својата територија и нема да дозволи појавување на безбедносен вакуум во регионот.


