Израелската војска денеска соопшти дека Иран лансираше повеќе бранови напади врз израел, а дека нападот е почнат од Јемен, што е за втор пат од почетокот на американско-израелската војна против Иран.
Со лансирањето на ракети врз Израел од страна на јеменските Хути, дојде до ескалација на конфликтот што го зафати целиот Блиски исток, пренесува Ројтерс.
Во Израел е запалена рафинерија на нафта, но сеуште не е јасно дали како последица од директен удар на ракета, или како последица на ракета која била пресретната од противвоздушната одбрана.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
