„Ова е навистина кул место, зарем не“, и порача Пол Макартни на публиката во распродадениот Фонда Театар во Холивуд за време на концертот по изведбата на некогашниот хит на Битлс „Хелп“.
Макартни сугерира дека Фонда Театарот е поинаков од концертните сали каде што вообичаено свири, заради својата интимност. Макартни настапи со најголмите хитови на неговите бендови Битлс и Вингс.
Концерот на Макартни во Холивуд се случи само еден ден откако Макартни го објави својот нов сингл „Деновите што ги оставивме зад нас“ и објави дека ќе издаде нов албум по пауза од пет години. Албумот се очекува да излезе на 29 мај.
Слични новости
Тајгер Вудс повторно уапсен по предизвикана сообраќајна несреќа
Американската голф ѕвезда Тајгер Вудс беше приведен откако со неговиот Лендровер предизвика сообраќајна несреќа и се товари за возење под дејство на лекови.
Повеќе од 10.000 еутаназии минатата година во Холандија
Во Холандија минатата година се забележани 10.341 смртен случај предизвикан со еутаназија, што е зголемување за 3,8 насто во однос на претходната година, соопшти комитетот за преиспитување на еутаназијата.
Махершара Али се придружува на кастот на серијата „Таск“
Во втората сезона двојноит оскаровец Али му се придружува на Марк Рафало кој ја игра главната улога во серијата напишана од Бред Ингелсби.


