На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневното тргување во вторникот, но и натаму се движи недалеку од најниското ниво во последните четири месеци.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,90 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 103,59 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 147,60 на 147,20 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0840 долари, додека вчера во истиот момент чинеше 1,0835 долари.
Цените на нафтата, пак, стагнираат, по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,06 отсто, на 69,35 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,02 отсто, на 66,05 долари.
Слични новости
Трамп ги удвои царините за канадските метали
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио
Нафтата поскапе кон 70 долари
Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во вторник се тргува внимателно, а берзанските индекси стагнираат, по вчерашниот значителен пад