На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневото тргување во четвртокот.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпалднево се движи околу 103,60 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,55 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,05 на 147,75 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0885 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0905 долари.
Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,16 отсто, на 70,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,24 отсто, на 67,55 долари.
Слични новости
Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови
Инфлацијата во САД забави во февруари
Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата
Цените на нафтата пораснаа до 71 долар
Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари до 71 долар, поттикнати од знаците за посилна побарувачка во САД