Цените на акциите пораснаа на Волстрит во понеделникот, иако американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините за увоз на челик и ја обвини Кина дека не го почитува договорот.
Индексот Dow Jones порасна за 0,08 отсто на 42.305 поени, додека S&P 500 порасна за 0,41 процент на 5.935 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,67 отсто на 19.242 поени.
Во петокотот Трамп објави дека ќе ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум во САД од сегашните 25 на 50 отсто од 4 јуни.

Покрај тоа, Трамп ја обвини Кина дека не се придржува до договорот што неодамна беше постигнат на трговските разговори во Швајцарија. Пекинг, од друга страна, изјави дека обвинувањата на Трамп се неосновани и дека ќе преземе силни мерки за да ги заштити своите интереси.
Иако повеќето светски берзи паднаа по ова ново продолжение на „сапуницата“ на Трамп со царини, Волстрит порасна.
„Пазарот ги гледа најновите закани за зголемување на царините и построгата реторика кон Кина како обиди за забрзување на трговските преговори“, рече Џејми Кокс, партнер во компанијата „Harris Financial Group“.
Цените на акциите на американските производители на челик, како што се „Cleveland-Cliffs“, „Nucor“ и „Steel Dynamics“, вчера најмногу пораснаа.
Меѓу најголемите губитници беа акциите на производителите на автомобили, како што се „Ford“ и „General Motors“.
А на повеќето европски берзи, цените на акциите вчера паднаа поради повисоките царини за челик. Сепак, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,02 отсто, на 8.774 поени, но франкфуртскиот DAX се лизна за 0,28 проценти, на 23.930 поени, а парискиот CAC за 0,19 отсто, на 7.737 поени.
Слични новости
Големо заостанување на европската автоиндустрија зад азиската конкуренција
Големите западни производители на автомобили, вклучувајќи ги и германските автомобилски гиганти, опасно заостануваат зад азиската конкуренција, а некои може да бидат принудени да ги затворат своите врати на долг рок
Европските берзи поттикнати од вестите за „Airbus“
И покрај воведувањето високи царини за увоз на челик и алуминиум од САД, повеќето европски берзи беа во зелено во среда наутро, главно на крилјата на растечките цени на акциите на Ербас и генерално доброто расположение на инвеститорите кон инвестирање во европски средства
Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди
Американските царини за најголемиот дел од увезениот челик и алуминиум ќе се удвојат во средата, денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги достават своите „најдобри понуди“ за да избегнат наметнување царини за други стоки на почетокот од јули