Цената на сировата нафта на светските берзи денеска падна за 2,21 насто на 104 долари за барел, додека цената на референтната нафта Брент падна за 1 насто на 113,2 долари за барел.

Откако ирански дронови вчера погодија цели во Обединетите Арапски Емирати и продолжува ескалацијата во Ормутскиот теснец, инвеститорите се вознемирени и претпазливи, исплашени дека би можело да дојде до нова ескалација на конфликтот.

И покрај тоа, европските берзански индекси денеска се во благ пораст.

Слични новости

Словенија го ограничи купувањето гориво

Словенија го ограничи купувањето гориво

Словенија го ограничи купувањето гориво за да се справи со недостигот на бензинските пумпи, предизвикан делумно од прекуграничното снабдување со гориво и складирањето поради војната во Иран.