Според податоци од берзите цената на суровата нафта паднала за 0,91% на 88,850 долари, додека нафтата Brent се намалила за 0,65% на 98,012 долари.

Европските берзански индекси денеска бележат претежно благ раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи двонеделното примирје меѓу САД и Иран.

На берзите, индексот DAX на франкфуртската берза пораснал за 0,29% на 24.355,53 поени, францускиот CAC 40 за 0,05% на 8.239,49 поени, додека британскиот FTSE 100 паднал за 0,09% на 10.489,74 поени, но на лондоснакта берза влијаеле и податоците за зголемувањето на инфлацијата в Британија во март за 3,3 насто.

 

Слични новости

Вредностите на криптовалутите и натаму во слободен пад

Вредностите на криптовалутите и натаму во слободен пад

Вредноста на биткоинот на најголемата берза на криптовалути Бајненс падна под 60 000 евра и сега изнесува 59.378 евра. Индексот на страв и алчност за биткоин се наоѓа на нивото 11 што е многу високо ниво на страв и незивесност.