Цената на сировата нафта благо падна на 64,3 долари по барел, а цената на нафтата „Брент“ падна на 68,98 долари по барел.
Пад забележа и цената на златото кое се продава за 5.046 долари за унца, а благ пад има и цената на пченицата.
Американските берзански индекси се во минимален пораст. Дау Џоунс порасна за 0,04 насто, Насдак порасна за 0,9 додека вредноста на индексот на 500-те најбогати американски компании порасна за 0,47 насто.
Еврото и натаму засилува на берзите во однос на американскиот долар.
Слични новости
Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка
Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.
Кина ги намалува царините на млечните производи од Европската унија
Кина сега предлага царини од 11,7 насто, што е драстично намалување во однос на најавите во декември дека ќе воведе царини од 42,7 насто за млечните производи од ЕУ.
МОЛ влезе во стратегиско партнерство со либиската национална корпорација НОЦ
Од особено значење ќе биде можноста за развој на нафтените полиња во Либија и снабдувањето со сирова нафта.

