Цената на златото денес бележи мало намалување на светските пазари, но и понатаму останува на историски високи нивоа.

Според актуелните берзански движења, еден грам злато се продава за околу 127 евра, додека цената на една унца достигнува приближно 3.950 евра. 

Пазарните аналитичари оценуваат дека ваквото движење претставува краткорочна корекција по силниот раст на цената во изминатите недели.

Инвеститорите и натаму го насочуваат капиталот кон златото како безбедна инвестиција во време на глобална економска неизвесност, инфлација и нестабилност на финансиските пазари.

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.