Цената на златото денес бележи мало намалување на светските пазари, но и понатаму останува на историски високи нивоа.
Според актуелните берзански движења, еден грам злато се продава за околу 127 евра, додека цената на една унца достигнува приближно 3.950 евра.
Пазарните аналитичари оценуваат дека ваквото движење претставува краткорочна корекција по силниот раст на цената во изминатите недели.
Инвеститорите и натаму го насочуваат капиталот кон златото како безбедна инвестиција во време на глобална економска неизвесност, инфлација и нестабилност на финансиските пазари.
Слични новости
Цената на нафтата повторно расте
Суровата нафта Брент порасна за 3,5 проценти на 93,51 долари за барел поради загриженоста дека Иран би можел да ја задржи нафтата во Персискиот Залив ако продолжи да ги блокира танкерите
Откажување на летови поради кризата со керозин
Поради растот на цените на авиогоривото, повеќе авиокомпании веќе кратат линии, а се зголемува и ризикот од поскапување на билетите.
ЕУ размислува за делење авионско гориво меѓу членките поради кризата со керозинот
Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.


