На Волстрит, берзанските индекси благо паднаа во четвртокот, по неизвесното тргување, бидејќи низа неодамнешни податоци укажуваат на забавување на економскиот раст на САД, додека инфлацијата може да се зголеми во наредните месеци.

Индексот Dow Jones падна за 0,03 отсто, на 41.953 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,22 отсто, на 5.662 поени, а индексот Nasdaq за 0,33 отсто, на 17.691 поени.

На најголемата светска берза владее неизвесност, па вчера индексите балансираа на работ меѓу позитивната и негативната територија, за на самиот крај од тргувањето да завршат во негатива.

Ден претходно цените на акциите пораснаа, бидејќи челниците на американската централна банка останаа на оценката дека годинава ќе ги намалат каматните стапки двапати за по 0,25 процентни поени.

Сепак, овие намалувања би можеле да дојдат дури во втората половина од годината, бидејќи Fed вели дека имаат време да чекаат податоци за тоа како царинската војна, која Вашингтон ја води на повеќе фронтови, ќе влијае на инфлацијата и економскиот раст. Според проценките на Fed, се очекува забавување на економскиот раст и пораст на инфлацијата.

Поради ова, нема многу причини за купување акции, па се очекува неизвесно тргување и наредните денови.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,05 отсто, на 8.701 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,24 отсто, на 22.995 поени, а париски CAC за 0,95 отсто, на 8.094 поени.

globe

Слични новости

Внимателно тргување во Европа додека се чекаат одлуките на централните  банки

Внимателно тргување во Европа додека се чекаат одлуките на централните банки

На европските берзи се тргува претпазливо во четврток додека инвеститорите ги очекуваат одлуките на голем број европски централни банки за каматните стапки, при што цените на акциите во секторот недвижности и енергетика значително се зголемуваат, додека во туристичкиот сектор паѓаат