Доделувањето на Греми наградите е најголемата музичка вечер во Америка. Церемонијата која ќе се одржи во Лос Анџелес во неделата навечер, ќе трае цели осум часа, привлекувајќи ги најголемите ѕвезди на рокот, попот, кантри музиката и хип-хопот.
Организаторите ќе доделат 94 награди, од албум на годината, до најдобро хорско пеење.
Бијонсе и Тејлор Свифт го потврдија своето присуство, откако за прв пат се номинирани во истата категорија албум на годината од 2010 година. Бијонсе досега нема освоено Греми за албум на годината, а беше номинирана четири пати.
На годинешните Греми награди ќе му биде оддадено специјално признание на легендарниот продуцент Квинси Џоунс кој почина минатата година.
Слични новости
Поскапуваат дозволите за искачување за Еверест
Почнувајќи од септември, сите заинтересирани за искачување на „покривот на светот“ ќе треба да платат 15.000 долари за дозвола за искачување
Рокерот Мерилин Менсон нема да биде обвинет по истрагата за сексуален напад
Окружниот обвинител во Лос Анџелес Нејтан Хохман рече дека доказите не се доволни за 56 годишниот рокер да биде обвинет.
Пол Макартни предупреди да не се дозволи вештачката интелигенција да ги краде уметниците
Макартни за Би Би Си изјави дека предлозите на владата би можеле да им ја одземат мотивацијата на пистаелите и уметниците, што би довело до загуба на креативноста.