Младиот Емин Дувњак од Босна и Херцеговина, кој утрово загина во трагичен инцидент на граничниот премин Каменско, најпрвин ја поминал контролата на тој премин, но подоцна побегнал кон Хрватска.

Имено, 22-годишниот доставил документи до граничната полиција. Тие побарале дополнителна проверка, но младиот човек ги оставил документите и побегнал во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

На видеото кое е споделено на социјалните мрежи се слушаат два удари, од кои едниот е звукот на пробивањето на рампата, а на снимките од инцидентот се гледа дека полицајците побегнале кога сфатиле дека возачот нема намера да запре.

Ноќта меѓу петокот и саботата, околу 01:50 часот, на граничниот премин со лично возило се приближил маж, државјанин на Босна и Херцеговина, за кој полициските службеници при граничната контрола утврдиле дека не ги исполнува условите за влез во Хрватска. Полициските службеници му наредиле да го паркира возилото на излезната лента за да ја спроведе постапката за одбивање влез во Република Хрватска, по што мажот кој бил сам во возилото одбил да ја испочитува издадената наредба и со возилото побегнал од граница премин во правец на Република Хрватска“, го опишаа текот на настаните од сплитската полиција.

Полициски службеници се обиделе да го сопрат, издале наредба за запирање на возилото, што возачот го игнорирал и продолжил да вози во правец на Триље, а потоа и на Ловриќ.

„Полициските службеници со возила го следеле на безбедно растојание и се обиделе да го спречат, така што возачот во еден момент се вратил на граничниот премин Каменски каде возејќи со голема брзина ја пробил рампата на граничниот премин и продолжил со возење кон граничниот премин на Босна и Херцеговина“, соопшти ПУ на Сплит-Далмација.

Момчето удрило во полициската блокада на делницата Томиславград – Присоје и починало.

globe

Слични новости

Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија

Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија

Прекинот на работата на одредени блокови поради планирано одржување, дефектите на две станици, но и ниските температури, создадоа проблеми во снабдувањето со електрична енергија во Република Кипар, а како што пишуваат кипарските медиуми во изминатите 24 часа мрежата била зајакната со „проток на струја од окупираните територии“

Србија: 50 фирми цел во продолжувањето на акцијата за откривање и процесуирање корупцијата

Србија: 50 фирми цел во продолжувањето на акцијата за откривање и процесуирање корупцијата

Припадници на даночната полиција и на Внатрешната служба за приходи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во повеќе од 50 фирми во различни градови во Србија за да извршат проверка на нивната деловна активнос