Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, во неделата вечерта се судри со полицајците кои застанаа на страната на властите на Република Српска и се обидоа да го спречат да постави препреки на паркингот што се користи од страна на ентитетската влада, што дополнително го ескалира конфликтот меѓу градската администрација и власта.
Владата на Република Српска претходно седмицава предложи да се укине дел од приходите за градовите со над 100.000 жители, со образложение дека овие средства ќе се распределат на неразвиените општини, а како одговор Станивуковиќ им нареди на комуналните служби да преземат драстични мерки кои директно ги зафатија објеките што ги користат ентитетската влада и институции кои во средата останаа без струја и затоплување.
Станивуковиќ и неговите колеги од градската управа се обидоа да постават пречки за приближувањето до еден од паркинзите, за кои тврдат дека е градска сопственост и се користи незаконски од владата на Република Српска, како одговор на најавата дека владата на ентитетот ќе го намали приходот што Бања Лука го добива од собраните даноци.
На приодите до паркингот ги пречекале полициски службеници за итна интервенција опремени со штитови и физички им го блокирале приодот. Станивуковиќ ги снимил сцените од туркањето, а видеото го објави на социјалните мрежи со порака дека се жртви на полициско насилство.
„Тие го тепаат својот народ и крадат градски имот! Незаконски го уапсија нашиот работник! Режимот ја врши својата тортура врз Бања Лука и нејзините граѓани“, рече градоначалникот на Бања Лука, по чија наредба паркинг е резервиран и за владата на Република Српска веќе беше блокиран.
Станивуковиќ смета дека претседателот на српскиот ентитет Милорад Додик е директно одговорен за обидот да се намалат приходите на Бања Лука и тврди дека владата на ентитетот, по негова наредба, на тој начин се обидува да се справи со локалните заедници каде што градоначалниците се од опозициските партии.
Поради ова, тој од петокот вечерта ги исклучи светилките пред зградата во центарот на Бања Лука каде што се наоѓа канцеларијата на Додик, го блокираше водоводот и најави дека ќе го исклучи греењето на владините институции поради не плаќање на сметки.
Додека траеше физичката пресметка на Станивуковиќ со полицијата, од кабинетот на Додик соопштија дека во текот на денот тој морал итно да биде примен во болница во Белград „поради акутни болки“ и дека ќе му биде извршена операција на хранопроводникот или стомакот.
Слични новости
Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија
Додека сум жив, ќе живеам во Србија…. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив, вели меѓу другото српскиот претседател
Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Косово денеска соопшти дека ја следи состојбата откако Европскиот систем за безбедност на храна алармира поради пратката со мандарини што доаѓа од Албанија
Сараево со денови меѓу најзагадените градови во светот
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав