Вредноста на биткоинот денеска во 15 часот на најголемата светска берза на криптовалути Бајненс падна за 1.06 насто на 74.254 евра.
Вкупниот обем на тргување со биткоините во последните 24 часа изнесува 41,13 милијарди евра.
Индексто на страв и алчност денеска се наоѓа на нивото 20 во категоријата „екстремен страв“, што е полошо во однос на категоријата 25 во која се наоѓаше.
Овој податок укажува на негативен сентимент на пазарот на криптовалути.
Слични новости
Европските индекси денеска во плус, раст на цената на златото и среброто
Европските берзански индекси денеска се во плус, а цените на златото и среброто повторно растат по краткорочниот драматичен пад на цената на благородните метали.
Бугарија целосно премина на евро
. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.
Пад на вредноста на акциите и нафтата на светските берзи
Азиските акции го претрпеа најголемиот дводневен пад од почетокот на април, предводени од технолошките компании, поради загриженост за процените и големите капитални вложувања поврзани со вештачка интелигенција.
