„Мајкл“ долгоочекуваниот биопик за поп иконата Мајкл Џексон соборува рекорди на привјуата на Бокс офисот и заработи 13 милиони долари само во четвртокот, со што го надмина „Опенхајмер“.  

„Ротен томејтоус“ му даде слаба оценка на филмот само 29 насто, но публиката има различно мислење од критиката.

Филмот е меланхолична приказна за кралот на попот Мајкл Џексон од детските денови, па се до завршувањето на турнјеата по албумот „Бед“ во 1988.

Критиката му забележува на режисерот Антони Фукуа дека во филмот нема ништо околу контроверзите кои го следеа Мајкл Џексон подоцна во животот за сексуално злоставување.

Слични новости

Вештачката интелигенција „го оживеа“ Вал Килмер

Вештачката интелигенција „го оживеа“ Вал Килмер

На овогодинешниот СинемаКон во Лас Вегас, вниманието на светската филмска јавност го привлекоа ексклузивните кадри од филмот „Длабоко како гроб“. Филмот стана жешка тема откако креаторите објавија дека ликот на починатиот Вал Килмер целосно ќе биде рекреиран со помош на вештачката интелигенција.