Оснивачот на Мајкрософт Бил Гејтс најави дека поголемиот дел од своето богатство ќе го потроши на подобрување на здравствените и образовните услуги во Африка во следните 20 години.

Во обраќањето во седиштето на Африканската унија во Адис Абеба Гејтс ги повика младите иноватори во Африка да размислат за тоа како да изградат вештачка интелигенција за да ги подобрат здравствените услуги на континентот.

Гејтс минатиот месец објави дека ќе поклони 99 насто од своето огромно богатство, за кое се очекува до 2045 да достигне 200 милијарди долари, до кога неговата фондација планира да заврши со работата.

„Неодамна се обврзав дека ќе го подарам моето богатство во наредните години, а поголемиот дел од тие средства ќе ги потрошам на решавање на предизвиците во Африка“ рече Бил Гејтс.

Слични новости

На Американскиот Блек-филм фестивал се очекува премиерата на „добриот шут“ продуциран од кошаркарот Стеф Кари

На Американскиот Блек-филм фестивал се очекува премиерата на „добриот шут“ продуциран од кошаркарот Стеф Кари

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс и најдобриот шутер на тројки на сите времиња Стеф Кари, месецов ќе се појави и во улога на филмаџија, затоа што е продуцент на документарниот фил „Добриот шут“.

Украдени клучни инструменти на рок бендот „Харт“ во Атлантик сити

Украдени клучни инструменти на рок бендот „Харт“ во Атлантик сити

Членовите на поплуларнара рок група Харт која имаше и номинации за Греми пријавија дека им се украдени два скапоцени инструменти во Атлантик сити, додека се подготвувале за настап во Хард Рок Хотелот во градот за време на нивната турнеја.