Во четвртото коло на никогаш посилната турска Суперлига во фудбал се одигра големото дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ, во кој гостинскиот тим победи со 2:1.

Домаќините поведоа со голот на Шкрињар во 26-тата минута. Ридван Јилмаз израмни на 1:1 во 38-та минута, а конечниот резултат го постави Душан Влаховиќ во 73-тата минута од мечот по прекрасна акција на Бешикташ.

По ова коло прв на табелата е шампионот Галатасарај, а Бешикташ е втор со 9 бодови. Фенербахче е четврти со шест бодови.

Слични новости