Во четвртото коло на никогаш посилната турска Суперлига во фудбал се одигра големото дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ, во кој гостинскиот тим победи со 2:1.
Домаќините поведоа со голот на Шкрињар во 26-тата минута. Ридван Јилмаз израмни на 1:1 во 38-та минута, а конечниот резултат го постави Душан Влаховиќ во 73-тата минута од мечот по прекрасна акција на Бешикташ.
По ова коло прв на табелата е шампионот Галатасарај, а Бешикташ е втор со 9 бодови. Фенербахче е четврти со шест бодови.
Слични новости
Лионел Меси на 6 ти октомври во Буенос Аирес ќе се простои од дресот на аргентинската репрезентација
Меси одигра за репрезентацијата на Аргентина 207 натпревари и постигна 125 гола. Со репрезентацијата го освои Светското првенство во 2022 и два Копа Америка во 2021 и 2024.
Инфантино се бори да остане претседател на ФИФА
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА Џани Инфантино предложи независна проценка за начинот со кој се управува со светската фудбалска организација.
Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера
Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.


