Во четвртото коло на никогаш посилната турска Суперлига во фудбал се одигра големото дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ, во кој гостинскиот тим победи со 2:1.
Домаќините поведоа со голот на Шкрињар во 26-тата минута. Ридван Јилмаз израмни на 1:1 во 38-та минута, а конечниот резултат го постави Душан Влаховиќ во 73-тата минута од мечот по прекрасна акција на Бешикташ.
По ова коло прв на табелата е шампионот Галатасарај, а Бешикташ е втор со 9 бодови. Фенербахче е четврти со шест бодови.
Слични новости
Тибо Куртоа ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид
Куртоа ќе потпише за Реал Мадрид до летото 2028, кога ќе наполни 36 години и ќе заокружи полна деценија во кралскиот клуб од Мадрид. Куртоа дојде на Сантјаго Бернабе во 2018 и со клубот освои три титули во Шпанија и две титулуи европски шампион.
Ковентри го декласираше Њукасл со 4:1
Фудбалерите на Ковентри синоќа на свој терен го победија Њукасл со 4:1 во последниот натпревар од шестото коло на Премиер лигата. Њукасл е на 11-тото место на табелата на Премиер лигата со 8 бодови, додека Ковентри е на 14-тото место со шест.
Панатинаикос под водство на Жељко Обрадовиќ засега неприкосновен во Евролигата
Екипата на атински Панатинаикос кој на почетокот на сезоната ја доведе легендата на овој клуб со кого има освоено најмногу трофеи Жељко Обрадовиќ, продолжува со уверливите настапи во Евролигата.


