Ситуацијата е необична. Кремљ знае дека за два месеци Бајден ќе ја напушти Белата куќа, а на негово место ќе дојде Доналд Трамп кој е многу повоздржан кога станува збор за воената помош на Украина. Дали тоа, сепак, ќе влијае врз одговорот на Русија?

Одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да и дозволи на Украина да ја нападне Русија со американски ракети од долг дострел предизвика жесток одговор на Москва. „Американскиот претседател во заминување Џо Бајден ја донесе една од најпровокативните и непресметани одлуки која може да има катастрофални последици“, објави провладиниот „Росискаја газета“.

Рускиот пратеник Леонид Слак, шефот на прокремлински Либерлано-демократската партија предвиде дека одлуката „неизбежно ќе доведе до сериозна ескалација со сериозни последици“. Рускиот сенатор Владимир Џабаров ја нарече одлуката на Бајден “Чекор кон трета светска војна“.

Таблоидот „Комсомолскаја правда“ пишува дека станува збор за предвидлива ескалација. Меѓутоа, она што е навистина важно е како Владимир Путин гледа на ова и како ќе реагира. Засега немаше негов официјален коментар, но тој кажа многу работи претходно.

Во последните месеци Кремљ му испрати кристално јасна порака на Западот: Немојте да го отстранувате ограничувањето за употреба на оружјето со долг дострел и не му дозволувајте на Киев со овие проектили да удри на руска територија.

Во септември Путин изјави дека Москва тоа би го гледала како директно учество на земјите на НАТО во војната во Украина. „Тоа би значело дека земјите на НАТО се борат со Русија“, изјави Путин.

Идниот месец рускиот претседател најави промена на руската нуклеарна доктрина документ во кој се наведуваат условите под кои Москва би можела да донесе одлука да го употреби нуклеарното оружје. Ова е протолкувано како уште еден, не толку суптилен сигнал кон Америка и Европа да не и дозволат на Украина да ја нападне руската територија со ракети од долг дострел.

Никогаш не е лесно да се погодат следните чекори на Владимир Путин. Но, тој даде некои навестувања.

Во јуни прашан од странските новинари како ќе реагира Русија ако на Украина и се дозволи со оружјето кое го испорачува Европа да удри на руска територија Путин одговори: „Прво, секако ќе ги унапредиме нашите системи за противвоздушна одбрана и ќе ги уништиме нивните ракети. Второ, ние веруваме дека ако некој мисли дека е можно со такво оружје да удри врз нашата територија и да ни создава проблеми, тогаш зошто ние не би можеле со нашето оружје од иста класа да ги снабдуваме регионите ширум светот каде што тие ќе гаѓаат чувствителни објекти како што и го прават тоа на Русија“ одговори Путин.

Со други зборови, Москва размислува за вооружување на западните противници за напад врз цели во странство. Белорускиот претседател Александар Лукашенко побара внимателност со проектилите од долг дострел. „Што ако јеменските бунтовници Хутите дојдат кај Путин и побараат системи на вооружување кои можат да вршат застрашувачки напади врз бродовите? Што ќе се случи ако биде погоден американски или британски носач на авиони“, праша Лукашенко.

Некои руски медиуми сепак се обидуваат да ја ублажат ситуацијата. „Руските оружени сили претходно пресретнуваа ракети од системот АТАЦМС за време на нападите врз Крим“ рече воен експерт за весникот „Известија“. Тој додаде дека Доналд Трамп би можел да ја ревидира оваа одлука

Ситуацијата е необична. Кремљ знае дека за два месеци Бајден ќе ја напушти Белата куќа, а на негово место ќе дојде Доналд Трамп кој е многу повоздржан кога станува збор за воената помош на Украина.

Дали тоа, сепак, ќе влијае врз одговорот на Русија?

Стив Розенберг

Уредник на Би Би СИ за Русија

Слични новости

Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина

Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина

Анкетите покажуваат дека идејата за мировни преговори со Русија почнува да наидува на одобрување меѓу луѓето, дури и ако тоа значи загуба на територии во тој процес. Според анкетите, се повеќе Украинци се залагаат за мировни преговори, а намалена е и бројката на оние што се уверени дека на крај Украина ќе победи во војната.

Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори

Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за примирје во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но ја отфрла можноста за територијални отстапки и нагласува дека Киев мора да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, изјавија пет извори за Reuters