Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска од од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
„Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310 и Куманово: 031 431-488,Струмица 034 329 -996 и Штип 032 389-700“, стои во соопштението од Омбудсманот.
Оттаму дополнуваат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
„И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање“, нагласуваат оттаму.
Слични новости
Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел
Теми се имплементацијата на одлуките од Самитот во Хаг, безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО, мерките за зајакнување на способноста за одвраќање и одбрана, поддршката за Украина
ЕСМ зема нов кредит од 60 милиони евра
Заклучно со септември, компанијата има загуба од над 90 милиони евра. За домаќинствата и малите потрошувачи ЕСМ ја продава струјата за 65 евра. Производната на ЕСМ, пак надминува 100 евра.
Прекинат бојкотот во МЖ Транспорт, железничкиот сообраќај е нормализиран
Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.


