Се проценува дека во нападите на Хирошима и Нагасаки се убиени 38.000 деца. Сведоштвата на преживеаните покажува дека идејата дека нуклеарна војна може да се води и да се добие на бојно поле е бесмислица, која само ги зголемува шансите за нуклеарна војна.

Кога претседателот на САД Роналд Реган и неговиот советски колега Михаил Горбачов се состанаа во Женева во 1985, се согласија дека „нуклеарната војна не може да се добие и дека никогаш не треба да се води“. Тоа беше воведот во почетокот на крајот на трката во нуклеарно вооружување од Студената војна, а подоцна и во значајното намалување на американските и советските, ( потоа руските) нуклеарни арсенали. Оттогаш, петте држави со нуклеарно оружје ја повторија оваа изјава, а последен пат во 2022.

Но, некои се враќаат на воените стратегии од 1950-тите кои предвидуваат употреба на нуклеарно оружје на бојното поле, за да се добијат војни. Еден од новите примери е официјално лице од поранешната администрација на Доналд Трамп Дејвид Лесетер кој рече дека „министерството за одбрана не работи доволно, за да обезбеди дека американскиот војник ќе биде во состојба да се бори, да преживее и да победи на нуклеарно бојно поле“.  

Моментот за вакви комнетари не можеше да биде полош. Во време кога треба да биде доделена нобеловата награда за мир на организацијата Нихон Хиданкио, која ги собра преживеаните од американските напади со нуклеарни бомби на Хирошима и Нагасаки, за нивната целоживотна борба за укинување на нуклеарното оружје.

Атомските бомби од 1945 кои убија повеќе од 200.000 луѓе во Јапонија денеска би биле наречени „тактичко“ нуклеарно оружје. Но луѓето што го преживејаа тој напад се вистинските стручњаци на темата нуклеарна војна и што значи таа. Тие ја преживејаа, за среќа, единствената нуклеарна војна досега.

Затоа е цинично, војници од удобни фотељи, особено оние што се поврзани со компании што произведуваат нуклерано оружје, да заговараат стратегии засновани врз непроверени теории, а не врз вистински искуства.

Преживеаните ( хибакуши) беа деца кога нивните градови ги разурнаа американските атомски бомби пред 80 години. Сумитеру Танигучи, кој почина во 2017, имаше 16 години кога беше нападнат Нагасаки. Во моментот на експлизијата тој возеше велосипед. „Во блесокот од експлозијата беф отфрлен од велосипедот наназад и паднав на земја. Кога ја кренав главата видов дека децата кои тука си играа беа мртви до последното“.  

Тој се здоби со тешки изгореници, а набргу потоа раните му се инфицираа. Мина четири години во болница, од кои 21 месец мораше да лежи на стомак. Потоа мораше да издржи 10 операции за да се отстранат израстоците од деловите на телото на кои останаа лузните. Болката поради раните, никогаш не исчезна.

Се проценува дека во нападите на Хирошима и Нагасаки се убиени 38.000 деца. Фактот дека толкав голем број на деца беше убиен, како и дека имаше голем број на осакатени и ранети ги мотивираше преживеаните да го посветат животот на работа на тоа никој веќе да не мора да страда како што тие настрадаа.

Сведоштвата на преживеаните покажува дека идејата дека нукеарна војна може да се води и да се добие на бојно поле е бесмислица, која само ги зголемува шансите за нуклеарна војна.

Употребата на нуклеарно оружје бргу би ескалирала и би резултирала со голема размена која не само што ќе убие стотици илјади луѓе, туку ќе значи крај на светот што го познававме за само неколку минути. Тоа би довело до нулеарна зима што би значела колапс на производството на храна, глад и смрт за многу милијарди луѓе.

Влијанието врз глобалниот биодиверзитет и економијата е речиси невозможно и да се замисли.

Мелиса Парк

Извршен директор на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје.

Слични новости

Криза на германските банки за храна

Криза на германските банки за храна

Третина од банките за храна се принудени да ја прекинат дистрибуцијата на храна или да воведат листи на чекање одвреме-навреме, а 60 отсто од нив имаат намалени пакети

Зошто луѓе донираат за одбраната на убиецот на директорот на американското здравствено осигурување

Зошто луѓе донираат за одбраната на убиецот на директорот на американското здравствено осигурување

Многумина го осудија злосторството за кое е обвинет, но фотогеничното 26-годишно момче, образувано на универзитетот Ајви Лиџ, стана мешавина од народен херој, ѕвезда и интернет миленик во одредени кругови