Еден од најзвучните трансфери ова лето е преминот на Бернардо Силва во Реал Мадрид. Тој е третото звучно засилување на Реал по Ибрахим Конате од Ливерпул и Дензел Дамфрис од Интер.
Пред десетина дена Бернардо Силва најпрвин договори лични услови со Барцелона, но Каталонците јасно му порачаа дека не може да му гарантираат место на стартер во тимот.
Потоа Диего Симеоне лично му се јави и притискаше Силва да потпише за Атлетико каде што ќе ја имаше улогата на Антоан Гризман со плата од 16 милиони евра за следните две сезони.
На крајот Силва се договори со Жозе Мурињо и Флорентино Перез и потпиша за Реал Мадрид со плата од дури 18 милиони евра годишно.
Слични новости
Најавено доаѓање на Алваро Арбелоа во Фулам
Доскорешниот тренер на Реал Мадрид Алваро Арбелоа е најсериозниот кандидат за тренерската позиција во Фулам, јавуваат британските медиуми.
Англија ја победи Костарика со 3:0 во генералната проба за Светското првенство, Тухел им даде шанса на сите играчи во ростерот
Фудбалерите на Англија убедливо ја победија Костарика со 3:0 во последниот подготвителен меч, пред Светското фудбалско првенство кое почнува вечерва. Англија изгледаше подготвено и упати дури 28 шутеви кон голот на противникот.
Аргентина убедлива против Исланд во генералната проба за Светското првенство
Фудбалерите на Аргентина го победија Исланд со 3:0 во последната подготвителна средба пред почетокот на Светското првенство во фудбал. За актуелните светски прваци последните 20 минути од натпреварот ги одигра и Лионел Меси и покажа дека е подготвен за Мундијалот.


