„Брегзит донесе повеќе штета отколку корист, Обединетото Кралство треба да разгледа различни опции за своите идни односи со Европската Унија“, вклучително и царинска унија, единствениот пазар, па дури и можноста за повторно зачленување во ЕУ, изјави премиерот на Обединетото Кралство, Енди Бернам.
Во изјава за Би-Би-Си, по обраќањето на годишната конференција на Лабуристичката партија во Ливерпул, Бернам рече дека сите достапни опции треба да се проценат врз основа на нивната изводливост, како и предностите и недостатоците што ги носат.
Бернам на конференцијата на Лабуристичката партија, најави дека ќе претстави различни опции за долгорочните односи на Лондон со европските партнери пред претстојниот самит меѓу Обединетото Кралство и ЕУ.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.