Светстките берзи доживеаја остар пад минатата седмица, бидејќи технолошкиот сектор се најде под нов притисок поради стравувањата дека цените на неговите акции се превисоки по силниот пораст во последните години.
На њујоршки Волстрит, инексот Dow Jones падна за 1,9 отсто на 46.245 поени минатата седмица, додека S&P 500 загуби на вредноста 2 отсто на 6.602 поени, а Nasdaq индексот потона за 2,7 отсто на 22.273 поени.
Остриот пад на индексите во голема мера се должи на притисокот врз технолошкиот сектор. Секторот долго време расте силно, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција, но последните седмици инвеститорите беа загрижени за високите цени на технолошките акции и огромните инвестиции во секторот, а прашањето е кои инвестиции ќе се исплатат.
Затоа инвеститорите не беа уверени дури ни од подобрите од очекуваните квартални резултати на „Nvidia“, најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција и најголемата компанија по пазарна вредност. Секако, цената на акциите на „Nvidia“ скокна за 5 отсто веднаш по објавувањето на резултатите, но до крајот на истиот трговски ден ги изгуби сите тие добивки и падна за околу 3 отсто.
На најголемата севетска берза негативно влијаеше и извештајот за вработување во САД, кој покажа дека бројот вработени се зголемил повеќе отколку што очекуваа аналитичарите во септември. Ова покажува дека ситуацијата на американскиот пазар на трудот, а всушност и во целата економија, не е толку лоша како што се сметаше претходно.
Како резултат на тоа, очекувањата дека американската централна банка дополнително ќе ги намали каматните стапки во декември се намалија. До неодамна се проценуваше дека има околу 90 отсто веројатност дека Федералните резерви ќе го сторат тоа, но сега тие шанси се значително помали.
Цените на акциите на европските берзи, исто така, остро паднаа минатата седмица. Лондонскиот индекс FTSE се лизна за 1,6 отсто, на 9.539 поени, додека франкфуртскиот DAX потона за 3,3 отсто, на 23.091 поен, а парискиот CAC за 3,3 отсто, на 7.982 поени.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


