Европските индекси на берзите денеска се невоодначени пред почетокот на сезоната на квартални извештаи за зарботки на големите компании, кои ќе ја определат динамиката на движење на берзите.

Германскиот ДАКС бележи незначителен пад од 0,04, британскиот ФТСЕ падна за 0,16 насто, а францускиот ЦАЦ порасна за 0,02 насто. Инвеститорите во текот на денот ќе го следат работењето на фармацевтската компанија Новартис, како и американските компании Џенерал моторс и Хасбро.

Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Слични новости

Цените на нафтата повторно растат, Трамп порача дека нема да се извини

Цените на нафтата повторно растат, Трамп порача дека нема да се извини

Фјучерсите на нафтата Брент порасна за 1,45 долари за барел и достигнаа цена од 88,52 долари за барел, додека цената на американската лесна нафта ВТИ порасна за 1,14 долари за барел и се продава за 82,40 долари за барел.