Глобалните берзански индекси, вклучувајќи ги и европските, денеска се во пад по колебањето на пазарот на технолошките акции и загриженоста поради потенцијалната преценета вредност на компаниите што развиваат вештачка интелигенција.
„Наративот на пазарите е драматично сменет во последните неколку недели“ изјави менаџерот на Натиксис Гарет Милсон. Според него, инвеститорите стануваат се поскептични поради големите капитални трошоци на технолошките компании и не се сигурни дека развојот на вештачката интелигенција ќе ги донесе високите приходи што ги ветуваат компаниите, пренесува Си Ен БИ СИ.
Неделава се очекува и објавување на податоците за инфлацијата и економскиот раст во еврозоната, а се очекува во среда највредната компанија во светот Енвидија да ги објави податоците за приходи што сигурно ќе влијае врз берзите.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


