Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изрази одобрување по медиумските извештаи дека американскиот претседател во заминување Џо Бајден ѝ дозволува на Украина да користи американски ракети со долг дострел против одредени цели во Русија, пишува во понеделникот германската агенција dpa.
Говорејќи за германското радио Rbb, Бербок ја подвлекла „важноста да ѝ се дозволи на Украина да ги неутрализира заканите на нивниот извор“.
„Украинците не треба да чекаат ракетите да ја преминат границата, тие треба да можат директно да ги уништат местата за лансирање“, рекла Бербок, како што опишува dpa мислејќи на принципот на самоодбрана.
Бербок, од редовите на германските Зелени, рекла и дека нејзината партија во ова прашање се согласува со источноевропските партнери, како и со британската, француската и американската влада.
Социјалдемократската партија (SDP) на германскиот канцелар Олаф Шолц не сака да му обезбеди на Киев оружје што ќе им овозможи на украинските сили да нападнат цели подлабоко на руска територија.
Бербок ги истакнала „единствените“ предизвици со кои се соочува Украина, чии системи за противвоздушна одбрана стануваат неефикасни поради близината на руската граница и брзото дејствување на ракетите.
Според извештаите на медиумите, претседателот Бајден ја овластил Украина да користи ракети ATACMS за да ги брани сопствените сили, особено во руската Курска област, која беше делумно окупирана од украински војници.
Иако Пентагон и Советот за национална безбедност на САД одбија да ги коментираат извештаите, тие не ги демантираат.
Според претставниците на администрацијата во Вашингтон, првите удари во длабочина на Русија со ракетите ATACMS, веројатно ќе бидат изведени следните денови. Одлуката, по претходно ограничување на таквото користење на американските ракети, наводно Бајден ја донел по распоредување на „десет илјади“ севернокорејски војници во руската погранична област Курск.
Меѓутоа, ниеден од изворите на западните медиуми не споменува кој би оперирал со ваквите софистицирани вооружени системи, а уште помалку како Украина би ги добивале координатите за целите во Русија со што САД би потврдиле дека се најдиректно вклучени во конфликтот и одговорни за руските загуби.
Слични новости
Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон Украина
Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан за време на утринскиот напад врз Украина во четвртокот, тврдат киевските воздухопловни сили, што би било првпат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел за време на војната
Захарова: Појавата на НАТО сили во Украина би значел почеток на војната на Алијансата со Русија
Можеби тие не разбираат, но појавата на НАТО контингенти на територијата на Украина ќе значи дирекнто влегување на алијансата во војна против Русија, за што повеќе пати ги предупредивме“, рече Захарова.
Значително јакнење на кинеско-бразилските односи
Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој