Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во вторникот го поддржа канцеларот Олаф Шолц, кој одби испраќање германски војници како дел од евентуални мировните сили во Украина.
„Војниците нема да бидат испратени во оваа жешка фаза од војната“, рече Аналена Бербок,која доаѓаод партијата на Зелените во интервју за јавниот радиодифузен сервис ZDF.
Таа, слично како и канцеларот Шолц пред неколку дена, ја окарактеризира дискусијата за испраќање војници како дел од наводни вооружени мировни сили во Украина како „многу прерана“.
„Тоа е типично германска дискусија, зборувајќи за 48-от чекор пред да се направи првиот“, рече Бербок.

Но, во исто време, таа нагласи дека обезбедувањето прекин на огнот во Украина е првенствено задача на Европејците.
„Обезбедувањето мир е европска задача. Одлуките не можат да се носат зад грбот на Европејците“, рече Бербок алудирајќи на тековните разговори меѓу Русија и САД за иднината на Украина.
Германската министерка за надворешни работи реагираше на почетокот на преговорите во Саудиска Арабија без претставници од Украина и европските земји и рече дека Германија не го прифаќа овој пристап. Истовремено, таа нагласи дека е важно да се остане смирен во овој момент.
„Европа мора самосвесно и јасно да ги заштити своите интереси“, рече Бербок.
Политичарката од Зелените, исто така, ја минимизираше важноста на тековните разговори во Ријад, кои, според нејзиното мислење, првенствено служат за воспоставување контакт меѓу Русија и САД.
„Не смееме сега да направиме голема грешка и да му направиме услуга на рускиот претседател Путин давајќи им на овие разговори поголемо значење отколку што имаат“, заклучи Бербок.
Слични новости
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на нови 9 години затвор
Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во средата беше осуден на уште девет години затвор, откако беше прогласен за виновен за проневера
ЕУ воведува контрамерки на американските царини
Европската комисија воведува контрамерки откако во средата стапија на сила американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот