Лос Анџелес Клиперс потпишаа договор со Бен Симонс во понеделникот, два дена откако Бруклин Нетс се согласи да го откупи неговиот договор.
Клиперси не ги објавија условите од неговиот договор. Дваесет иосумгодишниот Симонс беше во последната сезона од петгодишниот договор вреден 177,2 милиони долари и оваа сезона заработи 40,3 милиони долари.

Трикратен Ол-стар и поранешен дебитант на годината, Симонс имм се приклучи на Нетс во 2022 година како дел од трејдот со пет играчи што го испрати Џејмс Харден во Филаделфија 76ерс, меѓу другите.
208 сантиметри високиот Симонс сега ќе му биде тимски колега на Харден и ќе им пружи дополнителна помош на Клиперс на поицијата разигрувач.
За Нетс, Симонс одигра 90 натпревари и имаше просек од 6,5 поени, 6,2 скока и 6,3 асистенции за 25,4 минути по натпревар. Тој играше на 33 од 52 натпревари на Нетс оваа сезона, како стартер на 24 од нив и имаше просек од 6,2 поени и 6,9 асистенции.
Слични новости
Клиперси го победија водечкиот тим на истокот Кливленд
Најефикасен во тимот на Клиперс беше Каваи Ленард со 33 поени, а Ивица Зубац постигна 28 коша со 20 скокови. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени со стопроцентен шут од игра 8 од 8.
Голден Стејт го победи Милвоки, Бостон подобар од Бруклин и покрај повредите во тимот
Екипата на Голден Стејт Вориорс утринава во Сан Франциско ги победи Милвоки Бакс со 104:93. Во победничкиот тим најдобар беше Џими батлер со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда
Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА.