Цената за галон обичен бензин во САД минатата недела порасна за 32 цент, достигнувајќи просечна цена по галон од 4,54 долари, што е за 52 проценти повеќе од периодот пред почетокот на војната со Иран.

Главната причина за големото поскапување на бензинот во САД е што војната ги заглави танкерите со нафта во Ормутскиот теснец, што придонесе за голем раст на цените на нафтата на светските пазари.

Американските експерти предвидуваат дека се додека сосема не биде слободен Ормутскиот теснец за слободна пловидба, глобално ќе има недостиг на нафта, што дополнително ќе врши притисок врз пазарите и ќе ги зголемува цените.

 

Слични новости

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.