Од ноќеска на полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат поевтино за пет денари за литар, соопштија од компанијата „Макпетрол“.

Со новите цени, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 91 денар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 93 денари.

Цената на дизеолот останува непроменета и ќе изнесува 97 денари за литар.

Мазутот поскапува од 53,579 на 54,273 денари за килограм. Новите цени ќе важат од 27 октомври 2026 година.

 

Слични новости

Груби се појави на Суд – рочиштето за „Лотарија“ одложено за 7 септември

Груби се појави на Суд – рочиштето за „Лотарија“ одложено за 7 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска седна на обвинителна клупа, но рочиштето се одложи за 7 септември за одбраната да направи увид во доказите. Во случајот за слоупотреби во Државна лотарија, покрај Груби, се гонат уште седум лица

Во Македонија активни четири пожари

Во Македонија активни четири пожари

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.