Бел татруф тежок 850 грама бил продаден на меѓународна аукција во Италија за дури 100.000 евра. Тартуфот го купил купувач од Хонг Конг, на ауција во Алба, град во италијанскиот регион Пиемонт.
Оваа година тартуфите се продадени за вкупно 546.000 евра што претставува втора најголема бројка во историја на аукцијата за продажба на тартуфи.
За разлика од црните тартуфи, белиот тартуф познат и како „бело злато во гастрономијата“, не може да се одгледува и мора да се пронајде во природата. Расте под земја во симбиоза со корењата на некои видови дрва.
Слични новости
Кастингот за Џејмс Бонд не се потпира врз актерските вештини
Експертите за каст на франшизата велат дека е клучно оној што ќе го игра Џемс Бонд да не прави врева во јавноста околу политички прашања и кој е подготвен да биде бренд амбасадор на франшизата
Почина познатиот американски актер Том Скерит
Том Скерит, актерот кој се прослави со улогите во Меш, Елиен и Топ Ган, почина во Сиетл од старост, објавија американските медиуми.
ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови
Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.


