Во недела во Белорусија се одржуваат претседателски избори, а исходот е јасен: седми мандат за авторитарниот лидер Александар Лукашенко.
Околу 6,9 милиони луѓе имаат право на глас во поранешната советска република тесно поврзана со Москва, но нивните гласачки ливчиња не вредат многу. По последните избори во 2020 година, изборната комисија му додели на Лукашенко 80,1 отсто од гласовите, со излезност од 84,4 отсто. Ова предизвика продемократски протести низ целата земја, кои Лукашенко ги потисна.
Според Обединетите нации, од тогаш Белорусија ја напуштиле 300.000 луѓе. Со оглед на тоа што опозициските политичари се во егзил или затвор, а четворица ривалски кандидати се сметаат за неважни, речиси е сигурно дека 70-годишниот Лукашенко ќе победи по 30 години на власт.
Активистите за човекови права велат дека во Белорусија има повеќе од 1.200 политички затвореници и таа е единствената земја во Европа која сè уште користи смртна казна.
Делови од политичката опозиција во егзил ги повикаа Белорусите целосно да ги бојкотираат изборите, додека други велат дека луѓето треба да ја изберат опцијата „против сите“ на гласачкото ливче.
Поддржувачите на опозициската лидерка Светлана Тихановска, која на западот ја сметаат за наводен вистински победник во 2020 година, ја повикаа меѓународната заедница да не ги признае ниту изборите ниту Лукашенко за претседател.
Избирачките места се затвораат во 16 часот по средноевропско време. Белорусите можат да гласаат почнувајќи од вторник. Централната изборна комисија во саботата навечер објави дека веќе 41,81 отсто од граѓаните со право на глас веќе го дале својот глас.
Нема независни набљудувачи на изборите кои ги набљудуваат избирачките места, бидејќи ОБСЕ како и минатите избори, тогаш поради пандемијата, одбива да испрати свои набљудувачи во Белорисија..
Белорускиот политиколог кој живее во егзил Валери Карбалевич вели за dpa дека Лукашенко се претставил како чувар на мирот и стабилноста, особено имајќи ја предвид војната на Русија против Украина.
„Тој сега има поддршка од многумина кои беа против него во 2020 година, но кои веќе беа проруски“, рече тој.
Карбалевич изјави за dpa дека тајната служба ја контролира земјата и дека гласачите се плашат од криминални последици доколку прочитаат информации што ја критикуваат владата.
Белорусија е под санкции од Западот поради политичка репресија и поддршка за руската инвазија на Украина.
@Земјата има економски придобивки од односите со Москва, вклучително и увозот на евтин руски гас и нафта и поддршката на руската воена економија“, рече Карбалевич.
Сепак, тој рече дека земјата плаќа висока цена за зависноста од Русија и дека има сѐ помалку суверенитет.
Лукашенко за време на кампањата помилува повеќе од 200 политички затвореници, а набљудувачите веруваат дека тој се обидува да го убеди Западот да продолжи со дијалогот со владата во Минск.
Слични новости
ЕК ќе толерира поголеми дефицити доколку земјите-членки трошат на одбраната
Најавата на претседателката на Комисијата би значела дека земјите-членки би можеле да имаат уште поголеми дефицити доколку овие средства се наменети за одбранбени проекти
Трудо: За триесет дена одложени американските царини за Канада
Канадскиот премиер и американскиот претседател разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, известуваат медиумите
Реформската партија првпат води во британските анкети
Десничарската партија Reform UK сега е најпопуларна политичка партија во Обединетото Кралство, пред владејачката Лабуристичка партија