Американскиот претседател Доналд Трамп би ја поздравил комуникацијата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун откако имал пријателски однос со него за време на неговиот прв мандат, соопшти Белата куќа во средата.
„Претседателот останува отворен за преписка со Ким Џонг-ун“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за новинарите.

Трамп и Ким одржаа три средби за време на првиот мандат на Трамп од 2017 до 2021 година и разменија бројни „прекрасни“ писма, како што ги нарече американскиот претседател. Во јуни 2019 година, Трамп накратко влезе во Северна Кореја од демилитаризираната зона со Јужна Кореја.
Но оттогаш е постигнат мал напредок во ограничувањето на нуклеарната програма на Северна Кореја, а Трамп во март призна дека Пјонгјанг е „нуклеарна сила“.
Откако заврши првиот самит на Трамп со Ким Џонг-ун за време на неговиот прв мандат, Северна Кореја не покажа интерес за враќање на разговорите.
Обидите за зближување се случија поради изборот на нов претседател во Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, кој вети дека ќе го обнови дијалогот со Северна Кореја.
Аналитичарите сè уште проценуваат дека ангажманот со Северна Кореја веројатно ќе биде потежок и за Ли и за Трамп отколку што беше во првиот мандат на американскиот претседател.
Оттогаш, Северна Кореја значително ги прошири своите програми за нуклеарно оружје и балистички ракети и разви блиски врски со Русија преку директна поддршка на војната со Украина, на која Пјонгјанг ѝ обезбеди и војници и оружје за протерување на украинските единици од руската област Курск.
Слични новости
Трамп му се закани на Иран со досега невиден одговор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Иран на било каков начин да ги нападне САД, ќе се соочи со силата на американската војска „на нивоа кои никогаш досега не се видени“.
Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади
Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.
Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота
Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.