Американските царини за Канада, Мексико и Кина ќе стапат на сила во сабота, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит.

Агенцијата Reuters претходно објави дека царините ќе бидат одложени до 1-ви март.

Набргу по преземањето на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека има намера да воведе царини од 25 отсто за Канада и Мексико на 1-ви февруари, доколку не успеат да ја спречат илегалната миграција и шверцот на опиодниот наркотик фентанил. Тој додаде дека планот вклучува и царина од 10 отсто за кинески стоки, исто така поради фентанил, кој е одоговорен за стотина илјади смртни случаи годишно во САД.

 

Канада ќе одговори веднаш и силно доколку САД ја исполнат заканата за воведување царини, изјави во петокот премиерот Џастин Трудо, предупредувајќи ги Канаѓаните дека може да се соочат со тешки времиња.

„Ние сме подготвени кога станува збор за одговор – целисходен, силен, но во исто време разумен и моментален одговор. Тоа не е она што го сакаме, но ако тој почне да дејствува, ќе го направиме и ние“, рече Трудо.

Пекинг вети дека ќе ги заштити своите „национални интереси“, а портпаролката на Министерството за надворешни работи предупреди дека „нема победници во трговската војна“, додека мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум изрази уверување дека Мексико ќе ги избегне царините.

Американскиот претседател сѐ уште не одлучил кога САД ќе воведат царини за Европската унија, изјави во петокот Ливит. Портпаролоката на Белата куќа одби да одговори дали ќе биде воведена единствена царина за целата Унија, или дали царините ќе се разликуваат меѓу членките на ЕУ.

globe

Слични новости

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција