Белата куќа во вторникот потврди дека претседателот Доналд Трамп ќе воведе нови царини во среда, иако не го откри обемот и силата на мерките што компаниите, потрошувачите и инвеститорите ширум свеот ги исчекуваат со стравување од сѐ поинтензивна светска трговска војна.
Со седмици наназад Трамп го најавуваше 2 април како „Ден на ослободувањето“ кога ќе се воведат нови царини кои ќе го преобликуваат глобалниот трговски систем. Американскиот претседател треба да зборува во Градината на розите во Белата куќа.

Неговата портпаролка Каролин Левит рече дека реципрочните тарифи против земјите кои имаат мерки против американските производи ќе стапат на сила веднаш откако Трамп ќе ги објави, а царината од 25 отсто за увоз на автомобили еден ден подоцна, на 3 април. Републиканскиот претседател веќе воведе царини за увоз на алуминиум и челик и ги зголеми за сите производи од Кина. Во меѓувреме се закани со други царини, но и ги укина и ги одложи, пишува Reuters.
Најавата на Левит покажува дека тој овојпат можеби ќе ги исполни своите ветувања.
„Претседателот има брилијантен тим од советници кои ги проучуваат овие прашања со децении, а ние сме фокусирани на враќање на златното доба на Америка“, рече таа.
Весникот The Washington Post пишува дека неговите соработници размислуваат за план со кој царините за сите производи од други земји ќе се зголемат на 20 проценти. Владата очекува дека тоа ќе резултира со приход од шест трилиони долари кои потоа би можеле да им бидат исплатени на американските граѓани.
Слични новости
Трамп го објави бранот нови царини на „Денот на ослободувањето“
Американскиот претседател Доналд Трамп го објави бранот нови царини во средата на настанот во Белата куќа што претходно го нарече „Ден на...
САД воведoа нови санкции против Русија, првпат по инаугурацијата на Трамп
САД воведoа нови санкции против Русија, за првпат по инаугурацијата на Трамп
Израел ги прошири воените операции и зазема делови од Газа
Израел во средата најави значително проширување на воените операции во Газа, велејќи дека ќе заземе големи области од палестинската енклава и ќе ги додаде во своите безбедносни зони покрај масовната евакуација на населението