Нема планови за средба „во блиска иднина“ меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави во вторникот висок функционер на Белата куќа, неколку дена откако Трамп ја изнесе идејата за уште еден самит со својот руски колега.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, исто така, немаат планови да се сретнат лично, рече функционерот, нарекувајќи го нивниот телефонски разговор во понеделник „продуктивен“.
Во исто време, двајца американски функционери изјавиле за Reuters дека Русија ги повторила своите претходно наведени услови за постигнување мировен договор со Украина во приватен меморандум испратен до САД за време на викендот, опишан како „нон-пејпер“.
Во писмото се повторува барањето на Русија да ја преземе контролата врз целиот регион Донбас во Украина, рекол неименуван американски функционер, став што е спротивен на ставот на Трамп дека сегашната линија на фронтот треба да биде замрзната.
Кремљ претходно во вторникот соопшти дека датумот на потенцијалниот самит меѓу Путин и Трамп засега не е познат и дека не се споменати никакви датуми.
„Не можеме да одложиме нешто што не е договорено. Ниту претседателот Трамп, ниту претседателот Путин не дадоа точни датуми. Потребна е подготовка, сериозна подготовка“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Додаде дека Москва во моментов не знае кога би можела да се одржи средбата меѓу двајцата претседатели.
Лавров и Рубио разговараа по телефон во понеделникот откако претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп им дадоа задача да го подготват самитот меѓу двајцата челници во Будимпешта.
Слични новости
Калас: САД остануваат најголем сојузник на ЕУ
Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, изјави во саботата дека САД остануваат најголем сојузник на Европа
Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори
Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, Стив Виткоф одржа продуктивни разговори со високиот преговарач од Украина, Рустем Умеров, во Мајами, Флорида, соопшти претставник на Белата куќа
Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши својот поранешен шеф на кабинетот, Андриј Јермак, од Советот за национална безбедност, во екот на обемната истрага за корупција што го потресе Киев


