Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот објави нов пакет оружје за Украина, иако количеството и содржината на пакетот не беа откриени.
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД ќе продолжат да испраќаат дополнителни пакети помош во оружје за Украина „до крајот на администрацијата на Бајден“.

Вашингтон пред десет дена соопшти дека ќе испрати проектили, муниција, противпешадиски мини и друго оружје во Украина во вредност од 725 милиони долари, додека администрацијата на Џо Бајден во заминување се обидува да го зајакне Киев во војната со Русија пред демократот да ја напушти функцијата во јануари.
Пакетот најавен во четврток, кој се испраќа по принципот на посебните претседателски овластувањаа (PDA) за што поскоро да се донесе оружје од американските залихи до првите линии на фронтот, се очекува да биде во вредност од околу 500 милиони долари и да вклучува муниција за ракетните системи HIMARS.
По овој пакет од четвртокот, околу 5,6 милијарди долари сè уште ќе му бидат достапни на Бајден според системот PDA без да се бара одобрение од Конгресот.
Руската војска зазема село по село на истокот на Украина како дел контуниураните напредувања за заокружување на преостанатите областо од индустрискиот регион Донбас, додека со воздушни удари се нанесуваат штети на индустриската и енергетската инфраструктура на Украина во напорите да се оневозможи фунцкионирањето на воената индустрија.
Слични новости
Албанија: Се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11. мај
Во Албанија се очекува дијаспората да има големо влијание на резултатите на парламентарните избори на 11. мај, доколку правото на глас го остварат сите оние на кои им е прифатено барањето
Агенти на тајната служба застрелале вооружен маж близу Белата куќа
Припадници на американската Тајна служба застрелале вооружен маж во неделата кратко по полноќ по локално време по престрелка пред Белата куќа
Блогери: Русија искористила гасовод за да ги изненади украинските сили во Курск
Руските сили извеле напад во окупираниот руски градот Суџа во неделата, откако специјалните сили искористиле гасовод за да ги изненадат украинските единици како дел од големата офанзива за протерување на украинските војници од западниот руски регион Курск