Дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, 33-годишниот Ден Берн, ќе биде надвор од терените извесно време откако скрши ребро и го проби белодробното крило во неделниот пораз од Сандерленд (0:1).
Берн се повреди во судир со дефанзивецот на Сандерленд, Норди Мукиеле, во текот на првото полувреме. Мукиеле доби жолт картон откако го удрил со колено Берн додека двајцата играчи беа во лизгачки старт во обид да ја освојат топката.
Иако Берн се обиде да продолжи по првичната интервенција, неколку минути подоцна беше заменет од Фабијан Шар.
Менаџерот на „Страчките“, Еди Хау, подоцна откри дека англискиот централен бек бил однесен во болница откако „се борел да дојде до здив“ на полувремето.
Весникот Daily Mail објави дека Берн може да биде надвор од терените шест седмици и дури десет натпревари. Повредата на Берн претставува дополнителни проблеми за Хау, кој веќе некое време е без Свен Ботман, Киран Трипиер, Џамал Ласелес и Емил Крафт. Моментално има само четири дефанзивци на располагање.
„Имаме неколку повредени играчи и тоа е тешка ситуација. Моменталната ситуација не е идеална“, рече Хау.
Њукасл Јунајтед моментално е на 12-то место со 22 бода на табелата.
Слични новости
Мајнц го запре Баерн
Во натпреварот од 14-то коло од германското фудбалско првенство, Баерн во Минхен одигра 2:2 против последнопласираниот Мајнц
Домашен кикс на Милан
Милан ремизираше 2:2 дома против Сасуоло во првиот натпревар од неделната програма во 15-то коло од италијанското првенство, но сепак се искачи привремено на првото место
Одложен натпреварот Леванте-Виљареал поради дожд
Полицијата во Провиденс уапси „лице од интерес“ во врска со пукањето на Универзитетот Браун во кое загинаа двајца студенти а девет други беа повредени, од кои седум се во критична состојба


