Дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, 33-годишниот Ден Берн, ќе биде надвор од терените извесно време откако скрши ребро и го проби белодробното крило во неделниот пораз од Сандерленд (0:1).
Берн се повреди во судир со дефанзивецот на Сандерленд, Норди Мукиеле, во текот на првото полувреме. Мукиеле доби жолт картон откако го удрил со колено Берн додека двајцата играчи беа во лизгачки старт во обид да ја освојат топката.
Иако Берн се обиде да продолжи по првичната интервенција, неколку минути подоцна беше заменет од Фабијан Шар.
Менаџерот на „Страчките“, Еди Хау, подоцна откри дека англискиот централен бек бил однесен во болница откако „се борел да дојде до здив“ на полувремето.
Весникот Daily Mail објави дека Берн може да биде надвор од терените шест седмици и дури десет натпревари. Повредата на Берн претставува дополнителни проблеми за Хау, кој веќе некое време е без Свен Ботман, Киран Трипиер, Џамал Ласелес и Емил Крафт. Моментално има само четири дефанзивци на располагање.
„Имаме неколку повредени играчи и тоа е тешка ситуација. Моменталната ситуација не е идеална“, рече Хау.
Њукасл Јунајтед моментално е на 12-то место со 22 бода на табелата.
Слични новости
Панатинаикос го победи Фенербахче во Истанбул
Во 16-тото коло од Евролигата се одигра дербито во Истанбул каде што Панатинаикос како гостин го победи Фенербахче со резултат 81:77. Мечот беше тврд и драматичен од почетокот до крајот на натпреварот.
Дензел Дамфрис опериран во Лондон, ќе паузира три месеци
Фудбалерот на Интер Дензел дамфрис нема да може да игра неколку недели поради повреда, соопшти вечерва тимот од Милано. Како што се наведува, врз Дамфрис била извршена операција на левиот скочен зглоб во Лондон.
НБА лига: Петта победа во низа на Денвер со нов „трипл-дабл“ на Јокиќ
Денвер Нагетс ја остварија својата петта победа по ред синоќа откако победија со 128:125 во продолжение против Хјустон Рокет


