Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, а Мухамед Хоџа-министер за животна средина и просторно планирање. Премиерот ги одобри предлозите на „Вреди“ и тие се веќе доставени и пристигнати и во Собранието.
Нема потврда дали досегашниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе замине за амбасадор во Брисел. Од коалицијата брифираат дека за ова прашање уште се разговара.
Засега нема промени во секторот Здравство, за што деновиве се шпекулираше дека на местото на Азир Алиу се планира да седне Башким Бакиу. Но не е исклучено овој ресор да биде опфатен со најавената реконструкција на владата по конгресот на ВМРО ДПМНЕ.
Слични новости
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


