Партијата на слободата на ултра десничарот Герт Вилдерс и партијата Д66 кои освоија најмногу гласови на парламентарните избори во Холандија ќе имаат по 26 пратенички мандати во парламентот, соопшти холандската изборна комисија.
Партијата Д66 на Роб Јетен водеше со 27 пратници, но на крајот на пребројувањето на гласовите загуби еден пратенички мандат кој отиде кај Вилдерс, па резултатот на изборите е нерешем. Изборите во Холандија имаа висок одзив со дури 78,4 насто излезност на избирачите.
Традиционално по изборите, во Холандија минуваат повеќе месеци додека да се состави коалициска влада.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


