Без победник заврши последниот неделен натпревар и дербито на 18. коло во италијанската Серија А, фудбалерите на Милан и Рома одиграа 1:1.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Милан поведе во 16. минута кога Рајндерс, играчот на Милан во најдобра форма, жестоко ја погоди противничката мрежа. Израмнувачкиот гол дојде само седум минути подоцна. Довбик одлично асистираше со петтата, а Аргентинецот Дибала погоди волеј за 1:1.

Во преостанатиот дел од натпреварот двете страни имаа многу одлични прилики, Рома особено во завршницата од натпреварот, но резултатот не се промени. Милан остана осми на првенствената табела, додека Рома се искачи на 10-та позиција.

Претходно фудбалерите на Јувентус го одиграа единаесеттото реми оваа сезона, натпреварот против Фиорентина заврши без победник 2:2. Фиорентина на тој начин ја прекина мини-негативната серија во шампионатот од два пораза, па сега се израмни бодовно со Јувентус, на петтото и шестото место на табелата.

Јувентус поведе во 20. минута кога Кефрен Турам се протна во противничкиот шеснаесетник и го постигна својот прв гол за торинскиот клуб во Серија А. Фиорентина се врати во игра до одморот, а до неодамнешниот играч на торинската „Стара дама“, Кин постигна гол со глава за 1:1 во 38. минута.

Веднаш на стартот на вториот дел, во 48. минута, Јувентус повторно поведе, а стрелец повторно беше Турам. Домашните водеа до 87. минута кога Соттил ги растажи навивачите на Јувентус. Сотил од непосредна близина упати одличен волеј удар кој заврши под гредата за конечни 2:2.

Фудбалерите на Наполи оваа недела потешко од очекувањата освоија три домашни бода, ја победија Венеција со 1:0. Со ова Наполи ја оствари третата лигашка победа во низа и се израмни со Аталанта на врвот на табелата. Клубовите од Бергамо и Неапол имаат по 41 бод, додека Интер е трет со 40 бодови и натпревар помалку. Позитивната серија на Венеција престана во Неапол, пред ова гостување на последните три средби имаше победа и две нерешени средби и е на претпоследното место во рангирањето.

Наполи беше подобар од почеток до крај и постојано напаѓаше, а гостите од Венеција беа скршени само со голот на Распадори во 79. минута кога силно биеше од 10 метри. Тоа беше прв првенствен гол на Распадори оваа сезона. На крајот од првото полувреме Лукаку не го реализираше пеналот за домаќинот.

Во првиот натпревар во неделата Удинезе и Торино ремизираа 2:2, а домаќинот загуби водство од 2:0. Стрелци за домашните беа Исаак Туре во 41. и Лоренцо Лука во 49. минута, додека бод на Торино му донесоа погодоците на Че Адамс во 53. и Самуеле Ричи во 64. минута. Удинезе остана на 9-та позиција со 24 бодови, а Торино веднаш зад него со четири бодови помалку.

Последните два натпревари се закажани за понеделник, Комо – Лече и Болоња – Верона.

globe

Слични новости

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Оклахома Сити го победи Милвоки во најинтересниот натпревар од НБА лигата

Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.

Барселона од 0:2 до победа на Метрополитано

Барселона од 0:2 до победа на Метрополитано

Во дербито на 28. коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона ја надомести негативата од два гола на мадридскиот стадион „Метрополитано’ и го совлада домашниот тим Атлетико со 4:2